АЛЕРГИСКИТЕ БОЛЕСТИ
ВО Р. МАКЕДОНИЈА

 

Проф. д-р Владимир Цветанов

Проф. д-р Владимир Цветанов е роден 1935 год. во Скопје. Дипломира 1961 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1962 до 1965 година работи како општ лекар во Здравствената станица на рудникот Радуша. Од 1965 до 1966 година ги посе тува пост дипломските студии во Загреб во колата "Андрија Штампар". Во 1967 год. полага специјалистички испит по медицина на трудот. Во 1970 година магистрира во Загреб и станува прв магистер по медицински науки на Медицинскиот факул тет во Скопје. Во 1979 год. докторира на тема алергиски алвеолит. Резултатите од овој труд, од некои скандинавски автори, е наречена "македонска студија".
Во 1984 год. добива звање супспецијалист по алергологија и клиничка имунологија, а 1993 по алергологија и пулмологија. Од 1993 год. е редовен професор на Катедрата по хигиена и медицина на трудот на Медицинскиот факултет во Скопје. Истовремено бил вклучен и во наставата на супспецијалноста по алергологија и пулмологија. Еден период држи предавања и на постдипломските студии во Љубљана и Сараево. Проф. Цветанов е основоположник на Институтот за медицина на трудот (1972) и Центарот за алергологија (1986) при Институтот и раководител до неговото пензионирање (2000 год). Автор е на 207 стручни публикации од областа на професионалната патологија и алергологија.
Откако во новоизградената зграда на Институтот за медицна на трудот (1977 год), беа обезбедени оптимални услови, тој прерасна во наставна база на Медицинскиот факултет. Проф. д-р Цветанов ја воведе модерната функционална дијагностика на респираторниот систем (1967). Искуствата од ,,малата спирометрија" ги сумирал и објавил во 1969 год, а во списанието ,,Alergie und Аsthma" применета на кутаните тестови со алергени од работно место во детекција на бронхијалната астма при експозиција на брашнена прашина (1970).
Во 1976 год. го воспоставува тестот за одредување на преципитински антитела со двојна имунодифузија на гел-агар, индиректниот тест на базофилна дегранулација, во тоа време актуелен за пеницилинската и медикаментозна преосетливост во 1978 год. ЛИФ тестот кај професионалниот контактен дерматит (1980). Во 1991 год. во Институтот за медицина на трудот отпочнато е со аеропалинолошките истражувања и 1993 год. се публицирани и првите резултати за градот Скопје, додека во 1994 год. воведена е риноманометријата како дополнителен и важен тест во дијагностиката на алергискиот ринит.
Добитник е на Првата награда за постер на Балканскиот конгрес за алергологија, одржан во Софија (Бугарија) 28-30 мај 1998 година, на тема "Поврзаноста на алергиските манифестации на дишните патишта со актуелната микрофлора во Македонија".
Уредник и прв автор е на публицираните книги: ,,Здравствена состојба и работна способност (1989), ,,Социјална медицина - Healt promotion" (1995), ,,Алергиски болести - лекување" (1998), Македонски национален консензус за алергиски ринит (1999), монографијата ,,Специфична имунотерапија" (2001). Тој е еден од авторите на "Македонскиот национален консензус за дијагноза и лекување на астма и хроничната опструктивна болест" (1999) и во книгата "Клиничка алерголија" (Софија, 2001). Проф. Цветанов е носител на два проекта за епидемиологијата на алергискиот ринит (1993/1994), мултицентричната студија за бронхијална астма (1995/96) и Проектот бр. 400998 (1998-2003).
Бил претсе да тел на Првиот македонски имунолошки конгрерс (1996) и на Македонското здружение за базична, клиничка имунологија и алергологија во перодот од 1996 до 2000 год.
Добитник е на највисокото признание на Македонско лекарско друштво за 1996 година.

 

Уредник
Предговор
Автори
Книгата во PDF формат
Мапа на РМ
ISBN 9989-2571-0-8 (IMT)